Тотенхем има нов фаворит за прв тренер
По отказот на Жозе Мурињо, се нагодува кој ќе ја преземе клупата на Тотенхем, а прва желба на претседателот Даниел Леви беше Јулијан Нагелсман.
Меѓутоа, веста дека Баерн одлучи да ги прифати барањата на Лајпциг и ќе исплати помеѓу 20 и 25 милиони евра за трансфер на најбараниот тренер, што ќе биде нов светски рекорд, го натера Тотенхем да размислува за други цели.
Во игра се повеќе имиња, а „Телеграф“ пишува дека помеѓу нив се истакнува тренерот Ерик тен Хак, кој во 2019. година го одведе Ајакс до полуфиналето во Лигата на шампионите, а сезонава веќе практично ја осигура титулата во домашното првенство со 12 бодови предност над ПСВ на четири кола пред крајот.
Неговото доаѓање посебно ќе го воодушеви Пјер-Емил Хојбјерг, кој најмногу се истакнува од овосезонските засилувања на лондонскиот клуб. Тен Хаг како тинејџер го водеше во вториот тим на Баерн, а минатото лето сакаше да го доведе во Ајакс.
„Навистина сакав да го доведам и бевме блиску. Разговаравме повеќе пати, тој навистина ќе ја подобреше нашата екипа.“ – изјави тогаш Тен Хаг за холандските медиуми, а Англичаните деновиве потсетуваат на таа изјава.