Тотенхем и Јуве преговараат за Киеза
Првите луѓе на Тотенхем не се откажуваат од идејата да го ангажираат напаѓачот на Јувентус, Федерико Киеза, кој најави дека сака да си замине од Торино.
Тој иако се наоѓа на радарот на Рома, наводно, изјавил дека има голема желба да заигра во Премиер-лигата. Згора на тоа, „старата дама“ нема намера да го пушти во конкурентски клуб во Серија „А“.
Се претпоставува дека трансферот во Лондон ќе биде реализиран за најмалку 30 милиони евра.