Тотенхем му верува на Постекоглу и покрај поразите
Тотенхем донесе одлука за иднината на менаџерот на првиот тим Анге Постекоглу. Според информациите кои ги објавија дел од медиумите во Лондон, тренерот на „Спарс“ се уште не е во опасност од отказ.
Луѓето од раководството на Тотенхем целосно го поддржуваат тренерот и покрај неуспешниот настап на тимот во Премиер лигата.
59-годишниот Постекоглу ги презеде лондончани минатото лето пред почетокот на сезоната 2023/2024. Под негово водство, Тотенхем последната сезона ја заврши на петтото место во англискиот шампионат со 66 бодови. Сезонава екипата е на 11-то место со 23 бода по 17 одиграни натпревари.
Во меѓувреме, лондонскиот тим сепак се пласираше во полуфиналето на Карабао купот, на овој пат ги исфрли Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед, а во главната фаза на Лига Европа се уште има шанса да се бори за место во топ 8.
Договорот на специјалистот со клубот е до летото 2027 година.