Тотенхем „нападнат“ од коронавирусот, едвај има единаесет фудбалери

Aнтонио Конте потврди дека поради коронавирусот ситуацијата во соблекувалната на Тотенхем не е добра.
Од претходно е познато дека повеќе играчи на стручниот штаб се заразени, тоа денес го потврди и Конте.
„Имаме 11 достапни играчи за натпреварот и тоа до крајот на денешиот тренинг, еден играч кој требаше да биде стартер утре исто така доби позитивен тест. Многу е лошо, сите бевме во контакт. Дури 13 лица заедно со стручниот штаб се позитивни на вирусот, ситуацијата е вознемирувачка“, изјави Конте.
Според правилникот на УЕФА ако Конте има 13 достапни играчи натпреварот ќе се игра.