Тотенхем не сака да го продаде Кејн на ривал од Премиер лигата

Англискиот весник „Тајмс“ пренесува дека Тотенхем не сака да го продаде својот најдобар играч, Хари Кејн, на ривалски клуб  од Премиер лигата.

Договорот на Кејн со лондонскиот клуб истекува следната година, а капитенот на екипата уште нема постигнато договор со управата на клубот околу можно продолжување на соработката. Претходно се појавија шпекулации дека Манчестер Јунајтед покажува сериозен интерес за негово доведување на „Олд Трафорд“.

Хари Кејн во неделата стана најдобриот стрелец на Тотенхем со постигнати 267 голови. Тој има запишано 200 погодоци во Премиер лигата, и пред него се само Алан Ширер со 260 и Вејн Руни со 208 гола.