Тотенхем сака да го откупи Тимо Вернер
Напаѓачот на Тотенхем, Тимо Вернер, кој игра како позајмен од Лајпциг, може да остане во лондонскиот клуб, пренесуваат медиумите од – „колевката на фудбалот“.
Според изворот, управата на „Спарси“ е задоволна од настапот на 28-годишниот Германец и планира да му понуди перманентен договор.
Вернер кој одигра 23 натпревари за англискиот тим со ефект од 4 голови и 3 асистенции, има пазарна вредност од околу 17 милиони евра.