Тотенхем само ремизираше со Лидс, опстанокот уште необезбеден

Фудбалерите на Тотенхем ремизираа со Лидс (1-1) на својот стадион, во 36-то коло од Премиер лигата.
Првото полувреме помина без голови, а потоа на почетокот од второто, Тотенхем поведе.
Матијс Тел успеа да го матира Карл Дарлоу во 50-та минута и да го доведе својот тим до водство од 1-0.
Teл, 20 минути подцна стана трагичар, кога без потреба го фаулираше Ампаду пред својот гол. Пеналот во израмнување го претвори Домини Калвер-Луин.
До крајот во херој на Тотенхем се претвори голманот Кински, кој во 99-та минута го спречи Лонгстав да направи целосен пресврт.
Тотенхем во последните две кола ќе се обиде да обезбеди опстанок, на табелата има два бода повеќе од Вест Хем кој е во опасната зона.