Тотенхем спремен да понуди 50 милиони евра за Ромеро

Приоритет на Тотенхем во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен дефанзивец, а тој најверојатно ќе пристигне од Серија А.

Според информациите од Островот прва мета е Кристиан Ромеро од Аталанта, за кого Тотенхем е спремен да плати 50 милиони евра.

Аргентинецот одигра одлична сезона сезона во Бергамо и беше избран за најдобар дефанзивец во Серија А. Аталанта го откупи неговиот договор за 16 милиони евра бидејќи фудбалерот беше на позајмица од Јувентус.

Новиот директор на Тотенхем, Фабио Паратичи одлично го познава Ромеро бидејќи тој го донесе во Јувентус, па сака што е можно побрзо да го комплетира трансферот бидејќи за Ромеро силен интерес покажува и Манчестер Јунајтед.