Тотенхем ја зацврстува одбраната со Ленгле од Барселона

Познатиот новинар Фабрицио Романо излезе со информација дека Тотенхем е на чекор до договор со играчот на Барселона Клемент Ленгле.
Францускиот дефанзивец се очекува да потпише договор за едногодишна позајмица во тимот предводен од тренерот Антонио Конте.
Личните услови помеѓу фудбалерот и Барса се договорени, а сега само се очекува дефинирање на договорот помеѓу двата клуба.