Тотенхем ја одби првата понуда од Милан за Емерсон
Англискиот премиерлишаѓ Тотенхем ја одби првата понуда на Милан за Емерсон Ројал. Според информациите на англиските изданија, „Росонерите“ понудиле 10 милиони евра за десниот бек, но лондонскиот клуб веднаш ја одбил понудата.
Се претпоставува дека Спарс бараат двојно повеќе за 25-годишниот Бразилец – 20 милиони евра.
Претхондо беше објавено дека Милан веќе се договорил со Емерсон, па сега се очекува договор да постигнат и клубовите околу трансфер цената. Тотенхем, пак, би сакал да го задржи фудбалерот и затоа се надева дека ќе успее да го убеди да остане. Ако до договор не дојде и тој инсистира на трансфер во Милан, лондончани најверојатно ќе се обидат со средствата кои ќе ги добијат за Емерсон да го купат Бредл Локо од француски Брест.