Тотенхем ја одреди цената за Хари Кејн

Англиските медиуми пренесуваат дека претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, одредил обешететување од 110 милиони евра за капитенот на тимот и репрезентативец на Англија, Хари Кејн.

Кејн има договор со со Тотенхем до 30.јуни 2024.година. Според некои информации капитенот на тимот минатата година имал понуда за трансфер во Манчестер Сити, но на крајот англискиот шампион се одлучи за купување на Норвежанецот Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд.

Најголема заинтересираност за ангажман на 29-годишниот Кејн во моментов покажува Манчестер Јунајтед. Тренерот на клубот од Олд Трафорд, Ерик тен Хаг, во повеќе наврати напоменува дека приритет за екипата е доведување на врвен голгетер кој ќе го надополни тоа место после заминувањето на Кристијано Роналдо во Саудиска Арабија.

Хари Кејн е член на Тотенхем од 2004.година. За клубот има постигнато 268 гола на 422 натпревари.