Тотенхем ќе пазари во Јувентус
Екипата на Тотенхем во јануарскиот преоден рок би можела да го засили својот офанзивен дел од тимот.
Спортскиот директор на клубот од Лондон, Фабио Паратичи, е фокусиран на доведување на двоецот од Јувентус, Вестон Мекени и Дејан Кулушевски.
Паратичи кој е бивш спортски директор на „Старата дама“ двајцата играчи би ги донел во Тотенхем за 70 милиони евра.
Тренерот на екипата, Антонио Конте, веќе побарал од раководството на клубот поголем буџет за засилувања, откако ги увидел слабите точки во тимот кој го тренира од минатиот месец.