Тоти во обид за доведување на Дибала во Рома

Фудбалската легенда на Рома, Франческо Тоти, во изјава за медиумите вели дека ќе се обиде да го убеди Пауло Дибала, да го замени неговиот сега веќе бивш клуб Јувентус со Рома.

Иако повеќе европски тимови се заинтересирани за трансфер на Дибала, Тоти е на мислење дека постојат изгледни шанси Аргентинецот да го облече дресот на Рома.

„Планирам разговор со Дибала во понеделник, и после тоа ќе видиме дали ќе го донесам во Рим. Ќе пробам да го убедам кога ќе се сретнам со него на добротворнниот натпревар организиран од Самуел Ето во Милано“, вели Тоти.