Трабзонспор бара три милиони евра за трансфер на Енис Барди
Во последниот период за нас интересна е ситуацијата со Енис Барди, македонскиот репрезентативец е пред заминување од турски Трабзонспор иако во овој клуб пристигна минатото лето.
Трабзонспор го доведе Барди за сума од три милиони евра, меѓутоа сега клубот сака да доведе нови странци и да ослободи простор затоа што тоа го бараат правилата во турското првенство.
Но, Транзонспор има и услов, нема да го пуштат Барди за сумата под која го доведоа. Три милиони евра плати Трабзон минатото лето на Леванте кој го продаде Барди кога испадна од шпанската Ла Лига.
Претходно Барди се поврзуваше со повеќе клубови пред се од Шпанија: Рајо Ваљекано, Мајорка, Кадиз и Еспањол, а тука се уште француска Ница и италијански Торино.