Трабзонспор во јануари го продава Барди
Турските медиуми пишуваат дека шампионот на нивната земја, Трабзонспор би можел да се откаже од македонскиот репрезентативец, Енис Барди уште во јануари.
Барди во Трабзонспор потпиша минатото лето, но наводно тренерот Абдула Авичи не е најзадоволен од тоа како македонскиот фудбалер се прилагодува на турскиот фудбал.
„Можна е разделба на полусезона помеѓу Трабзон и Барди. Понуда за Барди можно е да дојде и ако се случи тоа, раководството ќе ги преземе сите чекори за да склопи договор. Енис не е меѓу недопирливите фудбалери во тимот“, се вели во турските медиуми.