Трабзонспор испрати понуда за Димитриевски

Столе Димитриевски, уште нема разврска за својата клупска иднина.
Јасно е дека во Валенсија е во втор план, летово се поврзуваше со повеќе клубови, но не дојде до трансфер и заминување од „Местаља“. Според последните информации, заинтересиран за услугите на Димитриевски е Трабзонспор. Ова не е прв турски клуб кој сакаше да го доведе Столе, откако се споменуваше и Фенербахче. Сепак, овој клуб успеа да го убеди Едерсон од Манчестер Сити да прејде во Истанбул.
Трабзонспор наводно влегол во преговори со Валенсија, испратил понуда и останува да се види дали може да се договорат за трансферот.
Договорот на Столе Димитриевски со Валенсија истекува следното лето, па не би требало да има проблем за разделба и веднаш. Претходно во кариерата македонскиот репрезентативен голман бранеше уште за Работнички, Гранада, Кадиз Б, Химнастик и Рајо Ваљекано.