Трабзонспор со интерес за доведување на Алиоски

Шампионот во турската лига, екипата на Трабзонспор, го обнови интересот за доведување на македонскиот репрезентативец, Езџан Алиоски.
Турскиот клуб го посакуваше Алиоски во своите редови и минатото лето, но 30-годишниот фудбалер тогаш се одлучи како слободен играч да замине во Ал Ахли од Саудијска Арабија.
Тимот од Трабзон после 38 годишна пауза, сезонава стана првак на Турција.