Трагедија во Јужна Африка: Почина репрезентативецот Џејден Адамс

Јужноафриканската јавност е во шок по веста за ненадејната смрт на Џејден Адамс, кој почина на само 25 години.
Репрезентативецот на Јужна Африка и член на Мамелоди Сандаунс зад себе остави успешна сезона во која ја освои африканската титула со клубот, а настапи и на Светското првенство. Засега не се познати околностите под кои починал.
Неговиот поранешен тренер Брендин Џонсон откри дека неодамна разговарал со Адамс и дека ништо не навестувало ваква трагедија.
„Беше пресреќен што се врати од Светското првенство и со нетрпение ги очекуваше новите предизвици. Ова е огромен шок за сите нас“, изјави Џонсон.
Адамс настапи на три натпревари на Мундијалот, а беше на клупата во натпреварот од нокаут фазата.