Трансферот на Кантона највреден во историјата на Премиер лигата

Eric Cantona, Manchester United gets booked

Новинарите на лондонски „Дејли Мејл“ составија листа на играчи чии трансфери оставиле голема трага во англискиот фудбал, а за нив или воопшто не било платено обесштетување или биле ангажирани за симболична сума.

Број еден во изборот на „Дејли Мејл“ е Французинот Ерик Кантона, кој во 1992 година дојде во Манчестер јунајтед од Лидс за 1.5 милиони евра. Неговиот трансфер не беше ниту меѓу првите пет тоа лето. Втор на листата е сонародникот на Кантона, Патрик Виера, кој од Милан за 3.5 милиони евра го засили Арсенал во 1996 години.

Меѓу Топ 3 највредни трансфери во историјата на Премиер лигата во изборот на лондонскиот весник е и доаѓањето на Џејми Варди од нисколигашот Флитвуд во Лестер во 2012 година.

Варди со Лестер ја освои шампионската титула, стекнувајќи и статус на репрезентативец, а Лестер за неговите услуги плати 1.2 милиони евра.