Трансфер „лудница“ во НБА!

Кошаркарскиот клуб Торонто сепак се одлучи да го задржи Кајл Лаури до крајот на НБА сезонаата, бидејќи не пронајдоа доволно добра понуда. Лаури, кој има 35 години, беше еден од најбараните играчи за трејд, беше желба на неколку тимови, но на крај остана во Торонто. Торонто на последниот ден од трансфер рокот го испрати Норман Пауел во Портланд за Гери Трент и Родни Худ, Мет Томас во Јута, а Теренс Дејвис во Сакраменто. Лос Анџелес Клиперс добија помош во видот на Ражон Рондо, додека во спротивен правец во Атланта е испратен Лу Вилијамс. Виктор Оладипо од Хјустон е трејдуван во Мајами, што не го чинеше тимот од Флорида многу, бидејќи остана без Кели Олиник и Ејвери Бредли. Како и Лаури, тимот не го промени ниту Лонзо Бол кој остана во Њу Орлеанс, додека Џеј Џеј Редик премина во Далас, како и Никола Мели. Орландо го започна процесот на создавање на нов тим, бидејќи тој тим го напуштија Никола Вучевиќ и Еван Фурние. Вучевиќ го засили Чикаго, додека Фурние премина во Бостон. Од Орландо замина и Арон Гордон кој го засили Денвер, а во Нагетс ќе му се приклучи и Џавал Мекги, досегашниот кошаркар на Кливленд кој би требало да биде замена за Никола Јокиќ. На последниот ден од трансфер периодот, слободни играчи станаа Ламаркус Олдриџ и Андре Драмонд. Олдриџ најверојатно ќе потпише договор со Мајами, додека Драмонд има понуди од Лос Анџелес Лејкерс и Бруклин Нетс.