Трајковски: Белгија сега со голем респект гледа кон нас

Фудбалската репрезентација на ѝ гостува на Белгија во натпревар од квалификациите за Светското првенство кое следната година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико Нашиот национален тим веќе е во Гент и со нетрпение го очекува мечот со Белгија како лидер во групата.

Во пресрет на дуелот своите очекувања ги сподели еден од најискусните во македонскиот табор Александар Трајковски.

„Белгијците доволно знаат со каква селекција ќе играат. Ние покажавме квалитет на мечот во Скопје .

Сметам дека тие сега ќе имаат поголем респект кон нас. Мислам дека притисокот е врз нив. Ние секој натпревар го играме исто, се подготвуваме на ист начин. Нормално е како тече циклусот да се зголемува и притисокот, но треба да го тргнеме на страна и да одиграме како што знаеме и да обидеме да стигнеме до добар резултат.

Сепак, мислам дека ова ќе биде добар натпревар и дека нема да им биде лесно ниту на нив. Како што доаѓа крајот на квалификациите притисокот расте, исто е за нив и за нас. Ова ќе биде една од поважните средби која може да го реши патот во финишот на циклусот. Белгија без разлика на генерацијата, секогаш е силна, произведува добри играчи и неслучајно е таму каде што е“, изјави Трајковски:

Средбата меѓу Белгија и Македонија во Гент се игра в петок од 20:45 часот. Три дена подоцна нашиот национален тим го дочекува Казахстан.