Трајковски: Оваа победа е за моето семејство и за цела Македонија

Македонските фудбалери го направија она што најмногу го посакуваа, а тоа е да го напуштат Палермо како победници и буквално ја расплакаа Италија во срцето на Сицилија.

Голот на Александар Трајковски во судиското надополнување ги разочара фановите на репреезентацијата на Италија, а од друга страна и донесе многу радост на Македонија.

Поранешниот фудбалер на Палермо имаше кратка посвета на голот на кариерата.

„Ова е за моето семејство и за цела Македонија!“, порача Трајковски на социјалните мрежи.