Трајковски пред потпис со сплитски Хајдук
Александар Трајковски е пред трансфер во екипата на Хајдук Сплит.
Трајковски бил во дилема, дали да ја прифати понудата на Динамо Загреб или Хајдук Сплит, но сепак се одлучил да настапува за сплитските „бели“. Тој е познато има во Хрватска, хо носеше дресот на Интер Запрешиќ, а оттаму тргна во европска авантура. Настапуваше за Зулте Варегем и Мехелен, италијанскиот Палермо, Мајорка, Алборг, а на крајот заврши во Саудиска Арабија каде го облече дресот на Ал Фајхе со која го освои Купот. Италијанските медиуми тврдат дека Трајковски денес ќе биде на лекарски преглед во Сплит и потоа ќе го потпише договорот со Хајдук.
За македонската репрезентација има одиграно 83 натпревари и постигнато 21 гол, а последен пат играше во јуни годинава против Англија. Во секој случај, денес ја чекаме официјалната потврда од клубот.