Тренерот Михајлов ја напушти Брера
![](https://blog.evrotip.mk/blog2/wp-content/uploads/2025/01/472282084_18337324021150078_6950987445513159587_n-1024x682.jpg)
Продолжува „егзодусот“ во Брера Струмица, а клубот потврди дека се раздели со тренерот Горазд Михајлов.
По неколкуте фудбалери кои заминаа од клубот, сега на ред дојде и предводникот Михајлов кој четири месеци ја водеше екипата. Главниот спонзор Брера се повлече од клупските структури, па поради тоа дојде до серија заминувања.
Михајлов и Брера спогодбено ја прекинаа соработката, иако искусниот стратег вршеше добра работа во Струмица. Клубот му се заблагодари на досегашниот тренер, а се очекува во следниот период да го промовира неговиот наследник.