Тренерот на Бодо: Игравме просечно, а победивме убедливо против Интер

Тренерот на Бодо/Глимт, Кјетил Кнутсен, остана реален по победата од 3:1 над Интер во плејоф рундата од Лигата на шампионите, велејќи дека тимот сè уште има простор за подобрување.

„Мислам дека денес имавме малку среќа. Бевме исклучително ефикасни, но според нашите стандарди тоа беше просечна изведба. Резултатот е добар, но играта беше просечна“, рече Кнутсен.

Во врска со стратегијата за реваншот следната недела, специјалистот нагласи дека неговиот тим не треба да се затвори.

„Има многу работи на кои треба да се работи. Тоа ќе биде сосема поинаква игра. Не можеме само да се браниме длабоко во нашата половина и да се потпираме на контранапади. Исто така, мора да напаѓаме, да притискаме, да се браниме цврсто и да ги бараме нашите шанси. Дефинитивно нè очекува тежок натпревар“, реќе тренерот на Бодо/Глимт.

Кнутсен, исто така, упати пофалби за ѕвездата на вечерта, Каспер Хег, кој постигна гол и имаше две асистенции. „Тој постигна огромен напредок. Се снаоѓа одлично, вклучително и во одбраната. Може да ја задржи топката, победува во многу дуели и учествуваше во сите три гола. Тој е исто така прекрасна личност, па сè е совршено“, рече Кнутсен.