Тренерот на Рибакина суспендиран пред Австралија опен

Иако Елена Рибакина го врати во тимот Стефан Вуков, хрватскиот тренер можеби нема да биде дел од нејзиниот тим на првиот Грен слем турнир сезонава.

Вуков започна да работи со неа уште во 2019 година кога таа се натпреваруваше на ITF турнирите. Имаа доста успеси, освоија Вимблдон во 2022 година и стигнаа до финалето на Австралија опен во 2023 година.

Се разделија минатиот август, а во почетокот на новата година Рибакина соопшти дека соработката е обновена и дека Вуков ќе работи заедно со сонародникот Горан Иванишевич.

Или можеби не? Во исто време, од ВТА стигна потврда дека Вуков е суспендиран поради потенцијално кршење на Кодексот на однесување. Во пракса, тоа значи дека Вуков нема да биде на располагање на Рибакина, односно не може да добие акредитација за било кој турнир, сè додека трае суспензијата.