Тренерот на Штутгарт од втор план може да го преземе Баерн
Иaкo во се појавија информации дека Зинедин Зидан е на чекор до тренер на Баерн од следната сезона, Германија го тврди сосема спротивното.
Германскиот новинар на Скај, Флоријан Плетенберг, вообичаено еден од посигурните извори кога се во прашање вестите од баварскиот клуб, тврди дека Зидан воопшто не е на списокот на кандидати на Баерн. Плетенберг додава дека Баерн одлучил да го врати Jулијан Нагелсман назад, но тој одбил и го продолжил договорот со германската репрезентација до Светското првенство во 2026 година. Во Баерн не беа подготвени за таков исход и воопшто не подготвија резервна опција.
Сепак, неколку часа откако објави дека Зидан не е опција, Плетенберг повторно проговори, овој пат за да објави дека Баерн има нов тренерски кандидат. Станува збор за Себастијан Хенес, тренер на Штутгарт и внук на Ули Хенес, еден од челниците на Баерн.
Хенес во досегашната кариера ги водеше јуниорите на баварскиот клуб, во 2019 година седна на резервната клупа и ги предводеше до титулата најдобар третолигаш во Германија. Потоа две години работеше како тренер на Хофенхајм, а во април минатата година го презеде Штутгарт и го извлече од дното на табелата.
Хенес успеа да го задржи Штутгарт во лигата, а оваа сезона го претвори во вистински хит. Моментално се на третото место со 63 бода, исто толку колку и Баерн.