Тренерот Рангник носи психолог во Манчестер Јунајтед
Новиот тренер на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, својата работа во клубот ја започна со победа во Премиер лигата над составот на Кристал Палас и успеа да ја консолидира одбраната која за прв пат после 15 натпревари успеа да не прими гол.
После натпреварот, Рангник укажа на некои детали и новини кои би сакал да ги воведе во тимот од „Олд Трафорд“. Една од новините кои ги напомена е и ангажирањето на спортски психолог во екипата. Тој планира да го донесе неговиот поранешен соработник од Лајпциг, Саша Ленс.
Ралф Рангник е со мислење дека психологот ќе биде од голема корист за играчите и дека во голема мера ќе помогне во подобрување на нивните перформанси.