Трент ги договирил сите детали за трансфер во Реал

Фудбалерот на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд ги договорил условите со Реал Мадрид и на лето ќе му се приклучи на шпанскиот клуб како слободен играч, дознава „Скај Спортс Швајцарија“.
Договорот на Трент со Ливерпул истекува на лето, а од јануари тој има право да преговара и да потпише договор со кој било друг тим. „Скај Спортс Швајцарија“ тврди дека ТАА ќе потпише петгодишен договор.
Англичанецот ќе заработува 15 милиони евра годишно во Мадрид, со значителни бонуси. За споредба, овој 26-годишен играч заработува речиси 11 милиони евра по сезона во Ливерпул.
Александер-Арнолд е член на сениорскиот тим на Ливерпул од 2016 година, а за англискиот клуб досега одигра 349 натпревари, постигна 22 гола и 87 асистенции.
Во текот на кариерата на „Енфилд“, Трент има освоено по еден трофеј за победникот на Лигата на шампионите, Премиер лигата, ФА Купот, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство.