Трипие го продолжи договорот со Њукасл
Англискиот фудбалски репрезентативец, Киран Трипие, го продолжи договорот со Њукасл до 2025.година.
Тренерот на Њукасл Еди Хау, изрази задоволство од продолжувањето на соработката со дефанзивецот и има само пофални зборови за играта на Трипие во изминатиов период.
„Беше одличен на теренот и надвор од него. Киран покажа лидерски квалитети во тешки моменти за екипата, сега игра извонредно во тимот кој одлично напредува“, вели Хау.
Трипие пристигна во Њукасл од Атлетико Мадрид во јануари 2021.година. Оваа сезона тој запиша еден гол на 26 натпревари.
Црно-белите во моментот се наоѓаат на третото место во Премиер лигата, и имаат рекордна низа од 15 натпревари без пораз во лигата.