Тристап Томсон суспендиран 25 натпревари поради допинг

Тристан Томпсон се врати во Кливленд минатата година и ја започна својата втора етапа во франшизата со која ги имаше најголемите успеси, па иако нема баш некој посебен учинок оваа сезона, сега се најде во центарот на вниманието поради непријатна вест.

Томпсон паднал на последниот допинг тест откако било утврдено дека ги прекршил правилата на НБА лигата, па организацијата експресно му изрече суспензија од 25 натпревари.

Тристан нема да може да им помогне на своите соиграчи бидејќи бил позитивен на ибутаморен и лигандрол, супстанци кои обично се внесуваат во телото за добивање на мускулна маса и кои се познати во светот на бодибилдингот.