Тричковски: Првиот натпревар секогаш е најважен

Нашиот фудбалски репрезентативец, Иван Тричковски, пред мечот со Австрија в недела на стартот во нашата група на Европското првенство, вели дека очекувањата се крајно измешани.

„Некои очекуваат да ја поминеме групата а некои дека сме аутсајдери. Добро е што си ги знаеме квалитетите. Дали тоа ќе биде пресудно или не, не знам. Сигурно е дека ќе биде значајно. Првиот натпревар е секогаш значаен и многу работи ќе зависат од нас. Се што ќе договориме пред натпреварот ќе мора да се спроведе на терен максимално сконцентрирано од првата до последната минута“, потенцираше Тричковски.