Тричковски се повреди и ќе ги прескокне репрезентативните обврски
Иван Тричковски, фудбалерот на АЕК Ларнака, нема да биде дел од нашата репрезентација на мартовските квалификациски мечеви за Мундијалот откако заработил потешка повреда на мускулот на дуелот со Омонија.
Тоа значи дека селекторот, Игор Ангеловски, се соочува со нов проблем откако беше објавено дека Влатко Стојановски не може да допатува бидејќи Франција им забрани на фудбалерите од Лига 1 и Лига 2 да патуваат во земјите надвор од ЕУ, а Ѓоко Зајков е позитивен на Ковид-19.
Според распоредот, со Романија ќе играме на 25-ти, Лихтенштајн ќе го пречекаме на 28-ми додека кај Германија ќе гостуваме на 31-ви март.