Три италијански гиганти го сакаат Канаѓанецот Дејвид

Италијанските фудбалски состави, Наполи, Јувентус и Интер, ќе се обидат да дојдат до потписот на Џонатан Дејвид, објавија доцна синоќа неколку медиуми на Апенините.
Се чини дека новиот шампион на „Чизмата“ се наоѓа во пол-позиција но, клубот ќе ја почека одлуката на тренерот, Антонио Конте, кој може да има и други барања за пополнување на ростерот.
25-годишниот канадски репрезентативец го напушти францускиот Лил откако му истече договорот.