Три италијански клуба го сакаат Лоренцо Лука

Лоренцо Лука е едно од најзвучните имиња на трансфер пазарот во Италија, а освен Наполи за него сега сериозен интерес покажуваат и Милан и Аталанта.
„Росонерите“ испратиле барање до Удинезе за утврдување на цената на напаѓачот, со цел да проценат дали ќе влезат во битката за неговиот потпис. Во игра се и Аталанта, која внимателно го следи развојот на ситуацијата и се очекува наскоро да испрати официјална понуда.
Сепак, Наполи останува лидер во трката за Лука. Антонио Конте инсистира токму тој да биде партнерот на Лукаку во нападот, а како актуелен шампион на Италија, Наполи има конкретна предност.
Лоренцо Лука минатата сезона постигна 12 голови во Серија А и одигра клучна улога во опстанокот на Удинезе.