Три поништени гола и реми во дербито меѓу Шкендија и Вардар

Возбудливо, неизвесно и одлично дерби помеѓу Шкендија и Вардар одиграа во Гостивар. На крајот немаше голови, но не изостанаа шансите, возбудувањата, и три поништени голови.

Дербито главно мина со игра на средината на теренот, со неколку спорадични напади на двете страни.

Шкендија постигна гол во првиот дел преку Ндзенгуе, но беше поништен поради офсајд.

Во вториот дел Димоски имаше одлична шанса за Шкендија, шутираше од слободен удар само за малку над голот.

Вардарци исто така се покажаа како квалтиетен ривал, а во миговите кога Шкендија тргна во напад, се случи пеколната контра на Вардарци. Спахиу одзеде топка, стигна на 20 метри, додаде до Јанкулов, овој врати назад, па топка до Данев кој стрелаше прецизно. Голот првично беше признат, но по прегледување на ВАР снимката, се виде дека Јанкулов бил во офсајд.

Во финишот нов поништен гол. Центрира Пиреш од десната страна, а Спахиу погоди во мрежата, меѓутоа и туак се покажа дека вардаровиот фудбалер бил во недозволена позиција, па така на крајот дербито заврши 0-0.