Три фудбалски легенди пред трансфер во Интер Мајами

Англискиот весник Тајмс пренесува дека фудбалерот на ПСЖ и капитен на Аргентина, Лионел Меси, е многу блиску до трансфер во Интер од Мајами.
35-годишниот Меси има договор со ПСЖ до крајот на сезоната, и наводно веќе одби продолжување на истиот. Аргентинецот имал понуда и за враќање во Барселона, но според најновите информациите тој е блиску до заминување во американската МЛС лига и потпис со Интер од Мајами каде еден од сопствениците е Дејвид Бекам.
Освен Меси, челниците на Интер се очекува да ги доведат и Сеск Фабрегас и Луис Суарез, кои се поранешни соиграчи на Аргентинецот од периодот во Барселона.