Трката во Хунгароринг во календарот и во 2023 година
Трката за Големата награда на Унгарија ќе се најде во календарот на Мото ГП шампионатот во 2023 година. Ова го потврди промоторот Дорна во четвртокот, откако и официјално беше потпишан договор со локалната самоуправа. Изградбата на патеката во близина на Дебрецин се очекува да започне во последниот квартал на 2021 година. Проектот ќе го води Габор Талмачи, кој ја освои титулата во класта до 125 кубни сантиметри во 2007 година.
„Возев за мојата земја десет години во Мото ГП, и сега ја презентирам и на друго ниво – како експерт. Се надевам дека моето знаење и искуство ќе бидат корисни за овој проект. Самата локација во близина на Дебрецин е многу важна за регионот. Но, не само за него, туку и за соседните земји Словачка, Украина и Романија. Во иднина, навивачите ќе можат лесно да го посетуваатт Дебрецин, што е добро и за градот“, заклучи Талмачи.