Тројца фудбалери на Интер заминуваат на истек на договорот
Челниците на фудбалскиот состав Интер одлучија да ја прекинат соработката со тројца ветерани.
Актуелниот шампион на Серија А се раздели со Алексис Санчез, Хуан Квадрадо и Дејви Класен на кои им истекоа договорите. 35-годишниот чилеански интернационалец, Санчез, одигра 142 натпревари и освои повеќе трофеи.
36-годишниот Куадрадо пристигна како слободен играч од Јувентус пред почетокот на изминатата сезона и забележа 12 настапи. Холанѓанецот, Класен (31) кој дојде од Ајакс имаше договор за само една сезона.