Туанзебе од Манчестер Јунајтед се сели на „Вила Парк“
Астон Вила ја доби битката со Њукасл за 23-годишниот играч на Манчестер Јунајтед, дефанзивецот Аксел Туанзебе. Според информациите кои беа објавени, Астон Вила ќе го земе играчот на позајмица.
Во исто време, Манчестер Јунајтед ќе го продолжи договорот со фудбалерот до 2023 година. Туанзебе претходно играше на позајмица во Астон Вила во 2018/2019 година.
Во завршената сезона на англиското првенство, Туанзебе одигра 9 натпревари за Манчестер Јунајтед (4 во стартниот состав) и доби два жолти картони. Порталот Трансфермаркт го проценува играчот на 8 милиони евра.