Тудор ќе добие перманентен договор со Јуве

Игор Тудор веројатно ќе остане на кормилото на Јувентус откако „старата дама“ не успеа да го ангажира, Антонио Конте а втората опција, Џан Пјеро Гасперини, се определи да седне на клупата на Рома, велат последните вести од Италија.
Хрватот кој беше назначен со времен договор за две години по заминувањето на Тијаго Мота, веројатно ќе го води тимот од Торино и во наредното првенство во Серија „А“ и во Лигата на шампионите.
Тој и спортскиот директор на Јуве, Комоли, вчера имале состанок но, деталите уште не се изнесени во јавноста.