Турам се сели во Италија, двата милански клуба во борба за неговиот потпис
Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан и Интер ќе водат битка за потписот на францускиот напаѓач, Маркус Турам. 24-годишниот Французин игра одлично во дресот на Борусија Мехенгладбах и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Неговиот договор истекува на крајот на сезоната, а Турам потврди дека нема намера да го продолжува и сака да направи чекор напред во кариерата.
Миланските клубови имале средба со неговиот агент и ќе се обидат да ја победат конкуренцијата бидејќи сакаат да го доведат напаѓачот без обештетување.
Турам е отворен за преселба во Италија, па останува да видиме каков ќе биде неговиот избор.