Турам ќе го скокне дерби во Неапол

Менаџерот на Интер, Кристијан Киву, призна дека напаѓачот Маркус Турам нема да биде подготвен за саботниот натпревар со Наполи во Серија A.
„Лаутаро Мартинез е добро и повеќе ги нема проблемите што ги имаше пред натпреварот со Рома. На Маркус му требаат уште неколку дена и нема да биде во Неапол.
Не знам дали ќе биде подготвен и за натпреварот со Фиорентина. Многу ми е жал за Турам, не заслужи толку долга пауза“, нагласи тренерот на Интер.