Турскиот селектор ги обвини медиумите за дебаклот!

Иако на ЕП дојде како фаворит од сенка, турската фудбалска репрезентација се претвори во едно од најнезгодните изненадувања на Европското првенство.

Турција ја заврши групата на последното место откако ги загуби сите три натпревари со гол разлика 1:8.

Селекторот Шенол Ѓунеш за „неприфатливиот впечаток“ на негова екипа имаше неколку причини, но не планира да даде оставка и покрај се поголемиот притисок од турската јавност.

„Оваа млада екипа ќе ги обележи следните 10 години на турскиот фудбал, но свесни сме дека таков настап на овие турнири е неприфатлив. Јас сум одговорен за сето ова“ – вели Ѓунеш, додавајќи дека не размислува за оставка, а како еден од главните виновници за резултатите ги истакна медиумите.

„Не размислувам за оставка, мора да се плати сметка за неуспехот, но одговорни се и медиумите, одговорна е и управата, како и стручниот штаб. Тоа беше голем тест за нас, но понекогаш тие неуспеси можат да дадат повеќе искуство, отколку успех.“ – порача Ѓунеш.

Ова за него е втор мандат на клупата на Турција, враќајќи се во 2019. година. Во првиот мандат од 2000. до 2004. година ја предводеше селекцијата до третото место на СП во 2002. година.