Турскиот Фатих Карагумрук го назначи Пирло за нов тренер

Фатих Карагумрук потврди дека легендарниот фудбалер на Италија и на Јувентус, Андреа Пирло, ќе седне на тренерската клупа.
За 43-годишниот Пирло тоа ќе биде втор ангажман во тренерските води откако една сезона помина во Јувентус (2020/21). Пирло има одиграно 116 натпревари за Италија и постигнато 13 гола.
Тој е дел од генерацијата што го освои Мундијалот во Германија во 2006 година. Пирло како играч настапуваше за: Бреша, Интер, Реџина, Милан, Јувентус и Њујорк Сити.