Турските гиганти го сакаат Џејдон Санчо
Џејдон Санчо влезе во конфликт со менаџерот Ерик Тен Хаг во месец септември, а оттогаш воопшто не е во комбинација за настапите на Манчестер Јунајтед и покрај проблемите кои клубот ги имаше кога е во прашање играчкиот кадар.
Офанзивецот одби да се извини за својот став искажан на социјалните мрежи и веќе подолго време е во „аут“, поточно во овој момент нема иднина на „Олд Трафорд“.
Веќе неколку клубови го меркаат и ќе пробаат да го обезбедат неговиот потпис во зимскиот преоден рок, поточно на листата се тимови како Борусија Дортмунд, Јувентус, се споменува и Барселона, а според „Скај Спорт“ во трката се вклучиле и неименувани турски клубови.
Најреална опција за Санчо е да заврши на позајмица во некој од заинтересираните екипи со тоа што останува да видиме кој ќе биде најбрз, најконретен во обидот да ги добие неговите услуги.