Турски клуб го купува Тамба од Шкендија

Шкендија испиша историја и ќе игра во групи на едно европско натпреварување на УЕФА.

Сепак, од оваа историја веројатно нема да биде дел Фабрис Тамба кој според турските медиуми се сели во Втората лига на оваа земја. Се очекува крилниот фудбалер да потпише тригодишен договор со екипата од Турција и да се пресели таму во наредните денови.

Ова е сериозен удар и проблем за Шкендија која во моментите кога треба да биде најсилна, решава да продаде еден од своите најдобри фудбалери.

Од друга страна изненадувачка е и одлуката на Тамба да прифати трансфер во второлигашки клуб, наместо да заигра во Лигата на Европа или Конференциската лига.

Во секој случај, Шкендија се очекува да заработи трансфер сума за Фабрис Тамба кој е под договор, а потоа и да доведе адекватна замена за оваа позиција. Веќе досега веројатно се очекуваа и засилувања за европскиот предизвик, но засега во Тетово е мирно.