Турски Кочаели е новиот клуб на Дарко Чурлинов

Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов кариерата ќе ја продолжи во Турција. Како што објавија утрово турските медиуми, екипата на Кочаелиспор се договорила со англиски Барнли за перманентен договор со нашиот репрезентативец, кој во последните неколку сезони постојано беше на позајмици во други клубови, последен пат во полска Јагиелонија.

Кочаелиспор ќе потпише 2-годишен договор со нашиот репрезентативец, кој во Турција ќе му помогне на Кочаели во битката за опстанок во елитата.