Турски Фенербахче го купува Вардар?
Сензационална вест доаѓа од Турција, турски Фенербахче според информациите на медиумите во Турција има намера Вардар да го направи своја филијала.
Во текстот на „Фанатик“ се наведува дека веќе се почнати преговорите за скопската гордост да премине во рацете на турскиот гигант. Ако ваквите најави станат реалност Вардар веднаш би добил добри фудбалери со кој може да се надева на излез на евросцената, а играчите би собирале искуство пред да се вратат во Фенер.
Првиот човек на Фенербахче, Али Коч и најави дека во регионот се бара клуб за своја филијала.