Турците се изнапромашија против Парагвај и се враќаат дома уште по првата фаза

Турската репрезентација го претрпе и вториот неуспех на Мундијалот, откако загуби со минимални 1-0 од Парагвај, со што дефинитивно ги завршува своите настапи уште во групната фаза.

Моментот на одлука се случи веќе по 64 секунди игра, кога Галарза со извонреден удар од далечина ја затресе противничката мрежа.

По раното водство, Парагвајците целосно се повлекоа во одбрана. Работите се искомплицираа за нив во судиското надополнување од првото полувреме, кога Алмирон доби црвен картон поради прикривање на устата, со што во пракса беше применето новото фудбалско правило.

Иако го одиграа комплетното второ полувреме со играч помалку, Јужноамериканците херојски издржаа и успешно ги одбија сите налети на турскиот состав.

Статистиката беше апсолутно на страната на Турција, која имаше дури 78% посед на топката и упати 32 удари кон парагвајскиот гол, но само пет од нив беа прецизни во рамките на голот.

Состојбата на табелата по две одиграни рунди покажува дека лидер во групата е селекцијата на САД со шест бода, Австралија и Парагвај имаат по три, додека Турција остана на нула.

Без оглед на исходот во последното коло, турската селекција сигурно ќе остане на последното место во групата, што значи дека веќе ги загуби сите шанси за пласман во нокаут рундата.